Бицикла - бициклизам
велосипед - велосипедист
точак - точкаш и точка.
Зборот „бицикл“ (англиски: bicycle) првпат се појавил воанглискиот печат во дневниот весник The Daily News во1868. година, со цел да ги опише „бициклите и трициклите“ на „Елисејските полиња и Боа де Булоњ“. Зборот првпат секористел во 1847. година во француска публикација за даопише неидентификувано возило на две тркала,најверојатно двоколка, запрежна кола на две тркала.
Конструкцијата на велосипедот била напредок од„велосипедот“, иако користењето овие зборови во одреденамера, извесно време се преклопувало. Според стандардниотмакедонски јазик се користи зборот велосипед, иако восекојдневниот говор се сретнува и изразот „точак“ „Нагиздениот коњ“, исто така наречен „дрезина“ или„машина за одење“, било првото средство за превоз начовечки погон и користело само две тркала поставени еднозад друго, а пронаоѓач бил германскиот барон Карл фонДрес. Се смета за претходник на современиот велосипед.
Сега ќе раскажам за мојата средба со бициклата. Како детене ме привлекуваа куклите, како второ дете не добиваш новаиграчка туку ја наследуваш од сестрата или братот, јас одбратот, тој играше фудбал, а јас му се придружував.Машките игри повеќе ме привлекуваа. Фудбал – клиса –легана – били. Сакав гимнастика и одев во соколаната две-три години. Во каква држава живееме спортот кај нас е умрен. Во никој спорт не можеш да се издигнеш. Татко миму купи на мојот брат „Пони“. Но тој не беше некој љубителна тоа, па го зграпчив јас. Како да одвај чекав да миприпадне мене. Никој не ме учеше да возам, се качив и сезнае веднаш паднав. Колената ми беа содрани малкупрокрвавени, испрашени. Кој не би паднал прв пат? Секој! И знаеме како пржи тоа.
По неколку денови заздравуваш и повторно возиш. Наволанот-рачките имаше еден дел кој се регулираше, можешда го возиш со спуштени рачки надолу и личеше на тркачкопони, па малку накосени „Бицикле Пони“. По две-тригодини кога малку пораснав (наполнив 14 години тогаш).Понито го заборавив, татко ми купи тркачка бицикла. Небеше тоа оној оригинал, средно голем и рачките беа надолу.Возиш малку поднаведнато. Многу потешка за возење одпонито, немаш ножна кочница, а јас и на понито не јакористев кочев со нозе, патики секој месец нови, бидејќи старите беа одрани. Во тоа време беа најактуелни, скоросите имаа тркачка бицикла останатите имаа БЕМИКС(BMX).
Тркачки (друмски) велосипед
Секој ден се возев низ градските улици. Знаев тогаш дека собемиксот можеш да се спушташ по скалите да гоподигнуваш. Јас ја испробував спосоноста, дали може да гоправи и мојата бицикла и се спуштив по скалите. Успеав вотоа, знаев како се прави, но ми настрада воланот. Сеискриви. Следната година брат ми доби томос автоматик-моторче...Братми на 12-13 години почна да вози автомобил.Затоа тој не возеше бицикли...Го посматрав како го пали, гомолев да ме вози да ме научи. Не сакаше да ме учи, бидејќи знаеше дека ќе му го земам.
Еднаш го запалив и тргнав и возев. На една удолница гииспомешав кочниците со туражата и задниот дел од колцетосе крена и паднав. На 15 години имамв крвави и содраниколена и подлактици. Томосот ни се украде. Да не беше такаможеби подоцна ќе возев мотор. Не ми е љубов бициклата,но ми служи како побрзо превозно средство за да стигнам доцелта. И денес возам, спортски. Добро го владеам. Денесгледам многу луѓе купуваат професионални бицикли. Еднаподобра бицикла чини од 900 евра до 2000 евра, а тоа е многу скапо за наши услови. Следам кога сум во можностбициклистички трки – „Тур д Франс“, „Вуелта“, „Џиро д Италија“-. Толку не ме интересираат натпреварувачите, знамза Петар Саган, тоа е општа култура, денес напрофесионалните тркачки бицикли тежината им е 6 килограми.
Петер Саган
Сакам да глдам затоа што тие спортски настани меодмораат, гледам градови, пркрасни мали места, кој сеуредно средени, чисти, реки, планини, мориња, полиња,историски градби, замоци, култура, паѓање...Еднаш воШпанија на една планинска етапа, некој од публиката имашеистурено ситни шајки или патенти, па имаше паѓање и избушени гуми. Пред некој ден во Каталонија коментаотроти режијата ни го покажа првиот женски манастир кој билоснован во 800. и некоја година, Немаме можност, но и когаби имале не би можеле да ги посетиме сите тие места, гледајќи ги Туровите камерата ни ги доловува тие убавиглетки.
KOMENTARIŠI
Trenutno nema komentara za ovu vest.