Моја сакана Кошарко!

Моја сакана Кошарко! Ќе ти напишам нeколку збора, ќе ти кажам колку само те сакам. Колку со нетрпение те чекав да се појавиш, да те гледам да и се насладувам на твојата игра. Понекогаш кога ќе го погрешеше чекорењето ќе ме тргнеше од возбудувањето, ќе ми кажеше полека.

Не оди тоа така, чекор по чекор...чекање, очекување. Недовршена игра, игра без крај. Што ти се случи, па почна да ги грешиш чекорите. Стрпливо те чекав, со години, но ти се уште не си ги научила последните чекори. Паѓање. И се од почеток...

Колку повторени почетоци ти се потребни ? Ќе те чекам ...Нештото кое го сакаш вреди да се чека. И за крај ке ти изрецитирам една добро позната песна:

Кога ја гледам твојата игра,

секогаш чуствувам ведрина,

која ја носи силната ноќ

Да се живее за нашата боја,

да се доживее таа јачина,

која ни ја даде ноќта.

И кога среќата ќе не напушти,

Ние знаеме дека сме најдобри,

И кога ни е тешко,

се до крајот на мојот живот

од тебе нема да заминам.

И кога ќе дојде денот,

тој тажен ден,

кога ќе изгуби нашиот Партизан...

И кога нема да бидеш прв Ти,

и кога се слушаат свирежи,

И тогаш Партизане да знаеш,

Дека те сакам јас...

KOMENTARIŠI

Trenutno nema komentara za ovu vest.

SLIČNE VESTI