НИЕ СМЕ ПАРТИЗАН!!!

Ние сме Партизан! НАЈМНОГУ МЕ БОЛИ КОГА некој ќе спомне дека ќе згасне, можеби не е се така црно. Мора да постои некоја трошка надеж, знаете, таа последна умира. Се сеќавам јас, Партизан подлабоко тонеше, но не пропадна. Секој ден читав како ќе згасне, но не се случи тоа. Како што спомна Дуле, Партизан е голем клуб. Знам јас дека беше Партизан во голема финансиска криза и дека беше во близината на дното. Се потегна акција за донација од Гробарите, секој даваше кој колку може, се купуваа карти, иако навивачите не доаѓаа во салата да присуствуваат. Финансиски сите сме во некоја криза. Но да се помогне на она што го сакаш, ќе одвоиш парче залак и ќе дадеш , тебе нема да ти значи многу, ама на нему малку повеќе. Живеам јас во друга држава, ниту јас имам работа, ниту имам пари, јас сум зависник и чекам некој да ми даде и на мене. Едвај измолив некој денар да помогнам и јас, немаше можност како, ЗНАМ постоеја плаќања преку картички и жиро сметки...и единствен начин кој ми беше најдобар е да купам цд “Добро памтим све”, тогаш излезе и ќе го купам, со надеж дека тие пари ќе одат во касата на КК Партизан. Поради живеењето во друга држава, поштарината беше поголема отколку тоа це-де и решив тоа це-де да го подарам. Тоа беше најдобрата опција. Це-дето пристигна во вистински раце, кај човек кој знам дека Партизан му е се. Таков голем Гробар е реткост во ова време, бил и ќе биде. Моето срце беше исполнето, а целта остварена. Со еден потег направив неколку среќни луѓе. Во тој понор ние тогаш игравме ФИБА Лига на шампиони...Се сеќавам кога игравме и со МЗТ и таа вечер кога навивачите ми ги нападнаа моите играчи. Тој револт тогаш во мене разбуди во мене нешто што ме натера да ги проколнам да не заиграат повеќе во АБА лигата. И после тоа се случи што се случи. Не би сакала да звучам како вештерка пророчица, но не сакам на нешто мое нешто што го сакам, нешто мое што е свето, мое најмое, некој да крене рака, не на играчи, не на мојот Партизан , не на БОГдана. Иначе сакам такви некои ексеси, испади, жарчиња да гледам, кога на правдата ќе досудиш виновен си, а не си. Ги имаше многу...не се ни вредни за спомнување, а ги паметам. Имав и херој во тие тепачки. Крле не можам да го заборавам со потегот на столицата против Грците, тоа беше врвот. Гледам репрезентација на Србија - зошто гледам? Затоа што на едно место ќе ги видам мојте играчи и во фудбал и во кошарка. Не го следам секој играч што игра за други клубови, на пример сега да го гледам Луча во Баерн... не. Дуле зборуваше дека местото на Партизан не му е во Еврокупот, но еве сакам да се освои и тој и само на таков начин би се избориле во Евролигата. Го сакам Партизан да го гледам како се бори со високо буџетни клубови и да ги победува.

А ке ме прашате што му е потребно на Партизан, денеска?

Потребен е тренер кој ќе подвикне и да се раздере, да ги разбуди, не да медитираат играчите. Не се подготвени, не тренирале, немаат натпреварувачки дух...сите играат без публика па победуваат, ова со Борац, тоа не смее да се победи - Зошто ? ееее.

Сашо вика тоа што го работиме на тренинг, не се покажува на терен, можеби е до интелегенција на памтење. Дуле не залудно им препорачуваше да читаат книги. Еден играч треба да се изгради во играч .

И за крај, за еден мој омилен играч. Го нарековме Жо, ни беше и сеуште ни е љубимец. Токму тој. Од Франција дојде за да игра во Партизан. Зошто дојде? За да напредува. Како? Имаше преголема желба. Жо сакал да игра за неговата земја, но тренерот му рекол дека не е толку добар играч. Денес Жо е играчиште, а тренер му беше Душко Вујошевиќ и никогаш нема да му го заборавам она писмо кое му го пиша на КК Партизан.


KOMENTARIŠI

Trenutno nema komentara za ovu vest.

SLIČNE VESTI