Така го запознав Партизан

Iz ličnog ugla

На твитер ја запознав Маја – Nessumme. Во приватна порака ме праша како сум го засакала Партизан. Во кратки црти и објаснив. Сакам да раскажам подетално .

Па да почнам, се надевам дека нема да биде досадно. Да започнам и јас со мојот татко. Мојот татко мој идол. Татко ми ми раскажуваше за безброј дерби натпревари, за оние славни играчи, тогаш во тоа време – почетоците на Партизан. Татко ми не страствен навивач. Животот го преусмерил на опстанок. Немал време за спорт, работел се борел со животот. Бил сирак и морал да заработува. Војска служел во Суботица. По војниот рок се вработува на Ѓердап. Кога ќе имало дерби одел со неговите другари не да гледа туку да препродава карти  – тапкарош. Немал пари да купи карта. И да имал парите му биле преку потребни, нешто испараќал ѝ на мајка му. Млад човек. Подоцна кога создал семејство, соѕидал куќа. До нашата куќа се досели страствен навивач на Партизан. Тој имаше две малечки ќеркички. Јас имав 7 години. Секое утро, секој ден одев кај нив, сакав да ги гледам да играм со нив имаа по две три години. Еден ден мајка ми ми купи блузон – плетен со ц.звезда.Ј ас како девојче – црвено. Мојот брат имаше црно бел блузон – Партизан. Му сплете и шал долг метар и половина. Беше машко. Јас радосна со трчање отидов кај нашиот комшија да се пофалам со блузонот. Кога ме виде што носам ми рече: “Оди дома соблечија таа блуза и тогаш да дојдеш.”

Јас не разбрав што сака да ми каже. Бев дете. Отидов дома со плачење. Му кажувам на татко ми. Ми раскажа дека е голем Партизановец и дека ја мрази звезда. Го фрлив тој блузон. Мајка ми ми го купи за да се сликам кога полагавме за пионери. Таа слика сеуште ја чувам. Блузонот никогаш повеќе не го облеков. Ниту купив облека на црвена боја. Ја мразев црвената боја. Комшијата секој ден ми кажуваше за Партизан за Кичановиќ… а и наликуваше на него. Секој ден ми го вбризгуваше Партизан во мојата крв. Го запознавав Партизан.

Наместо добар ден, се поздравуваме со живео Партизан. Поминуваа години. Доволно возрасна за да ја сознаам неговата величина. Го променивме местото на живеење. Мојот комшија остана доследен на својата љубов. Јас станав девојка. Немавме можност да следам кошарка, фудбал, како што можам сега, но бев во тек. Некој ќе ми кажеше …Подоцна кога ја запознав мојата душичка, продолжи вбризгувањето на Партизан. Заедно гледавме фудбал ,кошарка. Заедно се радувавме, заедно се нервиравме, заедно плачевме.

Од тој ден до ден денес, гледам, без разлика дали е важна утакмицата или не – редовно. Може да не гледам ако сум на свадба.Навивам, викам , пцујам , се нервирам се радувам… плачам. Тоа се чуства. Кога некого сакаш. Да дојдам на стадион, јас не би имала храброст – сила, јас не би издржала. Би умрела. Да живее Партизан ми е се на светот. И кога губи и кога победува ..ќе помине .Во животот постојат успони и падови.САКАМ ДА СЕ СЛОЖНИ НАВИВАЧИТЕ – И ИСТОК И ЗАПАД И ЈУГ ДА СЕ ЕДНО. КОГА НЕШТОТО Е ЕДНО ТОГАШ Е ЦЕЛО.

1 razmišljanje na “Така го запознав Партизан

Komentariši

Vaša email adresa neće biti objavljivana.